fbpx

Анализа: Национализмот сè уште ментално го тероризира срцето на Балканот

-

Она што секако без многу забелешки од внимателни критичари може да се нарече срцето на Балканскиот полуостров, односно Република Северна Македонија, Косово и Србија, во изминативе денови навистина беше во прединфарктна состојба.

Тоа се виде и на случајот со еден фантастичен спортски успех, односно европската титула на РК „Вардар“, кој по природата на нештата треба да восхитува и воодушевува, но наместо тоа, спортското постигање пропадна во понорот на омразата кој го ископаа, сепак, мал број лица.

Како и речиси секогаш претходно, сѐ почна со политичарите. Првин дојде до апсења на Косово, во кои, поголем дел од оние што добија лисици беа Срби, па северот на Косово, кој е главно населен со српско население, почна да протестира велејќи дека станува збор за националистички прогон. Тука некаде, српската премиерка Ана Брнабиќ наводно зборувала нешто „за некои што дошле од шумите“, па косовскиот претседател Хашим Тачи решил малку да ја затрепери струната на национализмот, па божем разочарано бара или привилегиран третман на државата со која (не)раководи или обединување со Албанија, а попатно упорно дува во старата шупелка – дека решение на проблемите на Србија и Косово може да се решат со размена на територии  – односно Косово да си го земе делот на Прешево, Медвеѓа и Бујановац, а да го жртвува северот.

На тоа, пак, изреагира и македонскиот претседател Стево Пендаровски, лоцирајќи зародиш на поголем проблем, и порача дека станува збор за анахрона идеја, која не припаѓа на 21 век. На тоа „експлодираше“ српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, кој му порача на Пендаровски да си ја гледа својата работа и да не се меша во туѓи, кога веќе во неговата земја „малку го прашувале за иднината“, а потоа и дека ако разграничувањето му е грозно, да го повлече признавањето на Косово како независна држава.

Централнобалканскиот котел бргу зовре. И, за жал, се излеа каде што малку кој го очекуваше.

Да не се слушнеа толку потпалувачки зборови во изминатиот период, можеби шампионската титула на РК „Вардар“ ќе се одбележеше поинаку. Односно, немаше да ги има сите тие повици за „сатари“ и „гасни комори“, туку ќе поминеше само со пасивен, односно „антички“ национализам.

На крајот, колку и некои да тврдат дека говорот на омраза сепак беше малку застапен и тие што го продуцирале се бројат на едната рака, сите такви мразачи МОРА да бидат замолчени и санкционирани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...