fbpx

Амбасадорите Дир, Улман и Гир на средба кај Сиљановска Давкова

Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмирала македонската поддршка за Украина по неиспровоцираната и неоправдана воена агресија на Руската Федерација

-

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими амбасадорката на Украина Лариса Дир, амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Улман и шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир. На средбата претседателката се заблагодарила за поканата од претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, за нејзино учество на Самитот за мир во Украина, што ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Швајцарија и кажала дека настанот е добра можност за обезбедување платформа за дијалог за сеопфатен, праведен и траен мир во Украина.

„Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмираше македонската поддршка за Украина по неиспровоцираната и неоправдана воена агресија на Руската Федерација и повика на почитување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност во Украина во меѓународно признатите граници и територијални води“, наведено е во соопштението од претседателскиот кабинет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промовирана онлајн едукативна платформа за наставници

„EduCyberGuardians“ е името на новата отворена онлајн едукативна платформа наменета за наставници од основните училишта. Целта е преку неа да се зајакне медиумската и дигиталната писменост, нудејќи им на...