fbpx

Убиството во Љуботен било поради расправија на раскрсница

-

На синоќешното убиство во скопското село Љуботен, во кое смртно беше застрелан Џеваир Мурати (30), му претходела расправија и тепачка поради сообраќаен прекршок на кружниот тек во населба Бутел, информираат од МВР.

Осомничен за убиството е 21-годишниот Т.Б., по кој полицијата сè уште трага.

Според информциите на МВР, Мурати, жител на селото Раштански Пат, синоќа околу 22.15 часот бил донесен во Градската хируршка клиника „Свети Наум Охридски“, а лицата  што го донеле како сторител на убиството го посочиле Т.Б. од селото Љуботен.

„На настанот му претходела расправија и физички напад во попладневните часови на кружниот тек во населба Бутел поради сообраќаен прекршок. Вечерта, од семејството на Т.Б. бил повикан Џеваир М. за да ги расчистат недоразбирањата. Кога Џеваир М. со својот брат А.М. (23) пристигнал на влезот во селото Љуботен, од семејството на Т.Б. биле повикани да дојдат во близина на џамијата. Откако пристигнале на местото на настанот и почнале разговор со таткото и со двајцата браќа на осомничениот, Т.Б. од нива во близина на местото истрелал еден куршум погодувајќи го Џеваир М.“, стои во полициската информација за настанот.

Полициски екипи извршиле увид на местото на убиството, каде пронашле траги од крв и една чаура, кои се предадени на вештачење, а во врска со настанот во полициска станица биле приведени четири лица со кои бил извршен разговор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...