fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Сашо Велески е еден од најлошите примери

-

Бирале, бирале, бирале кој да ја држи прес-конференцијата во Прилеп, па го избрале еден од најлошите примери на човек кој, додека 20.000 прилепчани останаа без работа, се збогати во време на транзицискиот мрак и апашката приватизација во Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Сашо Велески, претседателот на општинската организација на СДСМ во Прилеп.

„Во времето на СДСМ, Прилеп беше заборавен град од страна на власта, со прст не се мрднуваше за прилепчани. Додека, пак, во време на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп се реализирани и ќе се реализираат повеќе капитални инвестиции. Ние и понатаму ќе продолжиме да ја сакаме Република Македонија со дела и ќе продолжиме да работиме за потребите на граѓаните. Народот е свесен кој одработува за туѓи и за лични интереси, а кој работи за интересите на граѓаните и за интересите на својата држава“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...