Од утре почнува грејната сезона, ЕСМ со апел до потрошувачите да ги отстранат дефектите

Потрошувачите и заедниците на сопственици се замолуваат што побрзо да ги отстранат дефектите на внатрешните грејни инсталации и да обезбедат непречен пристап до топлинските станици, како и континуирано напојување со електрична енергија

-

ЕСМ упати апел до потрошувачите и заедниците на сопственици што побрзо да ги отстранат дефектите на внатрешните грејни инсталации и да обезбедат непречен пристап до топлинските станици, како и континуирано напојување со електрична енергија, пред да започне грејната сезона на 15 октомври. Ова вклучува плаќање на сметките за електрична енергија за топлинските станици и одржување на функционална електрична инсталација.

Согласно податоците во Центарот за грижа на потрошувачи, во 117 објекти сè уште не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија, од кои 25 објекти имаат прекин на довод на електрична енергија во топлинската станица, во 23 објекти, екипите на операторот на дистрибутивниот систем немаат пристап до топлинската станица и 69 објекти се оневозможени да добијат испорака на топлина од системот за централно греење поради дефект во внатрешната инсталација на објектот.

Потрошувачите можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на моментално затворени објекти кои немаат услови за испорака на топлинска енергија на следниот линк.

Дополнително, на барање на Општина Карпош испораката на топлинска енергија нема да започне на 15 октомври туку од 1 ноември за сите основни општински училишта во општината, односно, а тоа се ООУ „Братство“, ООУ „Јан Амос Коменски“, ООУ „Димо Хаџи Димов“, ООУ „Владо Тасевски“, ООУ „Војдан Чернодрински“, ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, ООУ „Лазо Трповски“ и ООУ „Петар Поп Арсов“.

Necromanser Eldritch -Diablo 4 -скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Експанзијата „Vessel of Hatred“ на Diablo 4 доби одлични критики од гејмерите

Излегувањето на експанзијата Vessel of Hatred на Diablo 4 наиде на голем број одлични критики од страна на гејмерите ширум светот и е експанзија што фановите ја очекуваа од...