MВР: Започнаа увидни дејствија во опожарена зграда во Чаир

-

Откако од страна на СВР Скопје биле извршени сите подготовки и бил обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје и полициски екипи ги започнале  увидните дејствија во зградата на улицата „Прохор Пчињски” во Чаир, во која на 2 октомври избувна пожар во подрумските простории.

Како што информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР), пристапот до објектот се вршел строго контролирано.

„Во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици. Подрумските простории, од каде според првичните информации започнал пожарот, се обезбедуваат за пристап и испитување на причините. Траењето на увидните дејствија на терен ќе зависи од времето неопходно за прибирање на сите докази“, велат во МВР.

Во зградата на улицата „Прохор Пчински“ живеат повеќе од 100 луѓе, кои кога настана пожарот, ги напуштија своите домови, оставајќи сè зад себе. Пожарот кој го гасеа 7 возила и 20 пожарникари, а настанал во подрумот, односно во магацинскиот дел која се протега преку целата основа на зградата, каде што наводно имало многу пластични производи, садови за домаќинство, вештачки дрва. Лекарска помош побарале над 40 станари од зградата, како и пожарникар кој вдишал чад, а 15 деца биле примени на Детската клиника.

Станарите од опожарената зграда во Чаир не знаат кога ќе се вратат дома, бараат одговори од надлежните

Атила Бижен Жалили е нов сопственик на 85 отсто од акциите на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар на својата страница на Фејсбук денеска објави дека нов сопственик на клубот со 85 отсто од акциите на клубот, е Атила Бижен Жалили. Тие го пренесуваат...