Филмскиот фестивал „Киненова“ започнува со првиот долгометражен анимиран филм во земјава

„Јон Вардар против галаксијата“ е првиот долгометражен анимиран филм во Македонија

-

Свеченото отворање на годинешното издание на меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, на 15 октомври ќе биде во знакот на македонскиот филм, информираат организаторите.

„Оваа година повторно сите светла ќе ги впериме во македонската филмска продукција и недвосмислено ќе придонесеме кон афирмација и меѓународна промоција на македонскиот филм. Фестивалот ќе биде отворен со првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ чиј режисер е Гоце Цветановски“, вели Небојша Јовановиќ, директор на фестивалот.

Овој филм во исто време е и дел од главната натпреварувачка програма. „Јон Вардар против галаксијата“ е првиот долгометражен анимиран филм во Македонија и најголемиот копродукциски проект за анимација на Балканот во кој учествуваат Македонија, Унгарија, Бугарија и Хрватска.

 

Контраспин: Укинувањето на балансерот никако не може да биде тежок удар врз Уставот

Правната одлука за т.н. балансер, во насока на усогласеност на правните акти на државата со Уставот, може да биде само поттик на принципот на еднаквост во мултиетничко општество, бидејќи...