Ден на жалост во Прилеп по трагедијата во која загинаа три медицински лица

Советот на Општина Прилеп ваквата одлука ја донесе синоќа на вонредна седница. Знамињата во општината денеска се истакнати на половина копје, а сите културни и спортски манифестации за одложени

-

Денешниот ден, 4 октомври, е прогласен за Ден на жалост во Прилеп, по трагичната сообраќајна несреќа што се случи вчера, а во која загинаа три медицински лица.

Советот на Општина Прилеп ваквата одлука ја донесе синоќа на вонредна седница.

Знамињата во општината денеска се истакнати на половина копје, а сите културни и спортски манифестации за одложени.

„Прилеп и Македонија загубија врвни лекари специјалисти, еминентни и почитувани луѓе, посветени и одговорни граѓани, кои спасувале илјадници човечки животи и помагале на многу луѓе со својата специјалност, но ги загубија животите, патувајќи токму, на своите работни места во Битола за да им помогнат на други луѓе“, изјави вчера прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

Во тешката сообраќајна незгода вчера утрото на патот Прилеп – Битола загинаа радиолог, гинеколог и радиолошки технолог од приватната болница „Плодност“. Станува збор за прим. д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска.

Несреќата се случила при судар на патничко возило „Тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товарно возило „Волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата сè уште се утврдуваат.

Радиолог, гинеколог и радиолошки технолог од болницата „Плодност“ се жртвите во сообраќајната несреќа кај Прилеп

За порталите 811 илјади евра од колачот за парламентарните избори

Вкупно 811.000 евра биле потрошени на парламентарните избори од страна на коалициите за да се рекламираат на повеќе од 150 интернет портали, покажуваат податоците на Државната изборна комисија кои...