Тони Лазов освои сребрен медал на Шаховската олимпијада во Будимпешта

Лазов, кој е актуелен шаховски шампион во државата, освои 7,5 освоени поени од 8 одиграни партии. Односно, тој не изгуби ниту една партија, одигрувајќи само едно реми против велемајсторот Ван Форест Јорден

-

Тони Лазов освои сребрен медал за Северна Македонија на втората табла на 45. Шаховска oлимпијада во Будимпешта, како претставник на Шаховскиот клуб Алкалоид.

Лазов, кој е актуелен шаховски шампион во државата, освои 7,5 освоени поени од 8 одиграни партии. Односно, тој не изгуби ниту една партија, одигрувајќи само едно реми против велемајсторот Ван Форест Јорден. Тој победи во игрите против велемајсторите Јаник Пелетие и Пиорун Кацпер.

По бронзениот медал на Трајко Недев во 1996 година во Ереван, златниот медал на Драгољуб Јаќимовиќ во 2000 година во Истанбул и среброто на Владимир Георгиев од 2004 година во Калвија, ова е четврти пат еден македонски репрезентативец да се закити со медал на најголемото шаховско натпреварување.

„Честитки за Тони, му посакуваме успех и понатаму, и се надеваме дека наскоро ќе биде следниот наш шаховски велемајстор. И секако уште еднаш да не ја заборавиме целата екипа и стручниот штаб кои придонесоа за овој успех: ИМ Атанас Кизов (селектор), ВМ Евгени Романов, ИМ Тони Лазов, ИМ Никола Николовски, ИМ Емил Ристески и ФМ Антон Златков“, велат од Шаховската Федерација на Македонија.

Конечниот пласман на машката репрезентација е на 61, место во конкуренција со 189 репрезентации, а женската репрезентација е на 77. место во конкуренција со 170 репрезентации.

Одржана обука за правните советници во Уставниот суд на тема слободата на изразување и слободата на собирање и на здружување

Правните советници од Уставниот суд беа дел од обука на која се обработуваат теми од областа на слободата на изразување и слободите на собирање и здружување, интерпретирани преку праксата...