Пендаровски одигра предновогодишна партија шах

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски вчера попладне беше домаќин на ревијален шаховски натпревар во организација на Кабинетот на претседателот.

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

На ревијалниот шаховски натпревар, покрај претседателот Пендаровски учествуваа шаховскиот велемајстор Роландо Кутиров, Јована Трајчевска која на осум години стана балкански првак за слепи лица во категоријата јуниори, како и Марко Зафиров, државен првак во шах за млади кој наредната година ќе учествува на Европското првенство во шах за млади во Струга.

Натпреварот претставуваше и можност претседателот Пендаровски да поразговара со Марко и со Јована за нивните досегашни достигнувања во шахот, како и за освоените награди и медали.

Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Од кабинетот на претседателот соопштија дека настанот се организираше со цел да се актуелизира шаховската игра, да се продлабочи соработката со шахистите, како и да се овозможи инклузивен пристап којшто е одлика на едно демократско општество.