fbpx

Диме Спасов: Мерките за нови вработувања нема да го оштетат Фондот за ПИОМ

-

Најавеното ослободување на плаќање на придонеси за повеќе категории граѓани кои ќе бидат вработени, нема да го оштети фондот за ПИОМ, напротив, долгорочно, оваа мерка ќе ја наполни државната каса и ќе го намали бројот на невработени лица, тврди министерот Диме Спасов.

– Мерката за вработување млади лица до 29 години кои се ослободуваат од плаќање на придонеси веќе даде големи резултати. Со оваа мерка се вработени 7.500 лица. Сега со новите мерки за ослободување од плаќање придонеси на лица кои на возраст од 29 до 35 години, од 35 до 50 и над 58 години ќе бидат вработени, исто така ќе се зголеми бројката на вработени, а нема да се оштети и фондот за ПИОМ, затоа што по една, односно по три години откако ќе се вработи лицето, обврската да го плаќа осигурувањето на вработениот ја има претпријатието. Со тоа дополнително ќе се полни фондот за ПИОМ, односно државната каса – рече министерот Спасов.

Социјалната помош, додаде министерот Спасов, ќе биде зголемена за 10 проценти како резултат на воведувањето електронска исплата на паричните права, со што се прави заштеда на поштенските услуги, но и се зајакнува системот на контрола од злоупотреби.

– Продолжуваме со политиките на зголемување на паричните права за најранливите категории граѓани, кои материјално се необезбедени и како држава треба да преземаме континуирани мерки за сестрана помош на овие лица – речи министерот Спасов.

Денеска миниситерот Спасов присуствуваше на поставување камен-темелник на нова детска градинка во Јегуновце, која, според најавите, ќе биде изградена до крајот на годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Џулијан Асанж го доби правото на жалба против екстрадиција во САД

Џулијан Асанж доби дозвола да поднесе нова жалба против неговата екстрадиција во САД, каде е обвинет за објавување воени тајни, и ќе може да ги оспори гаранциите на САД...