Приватните превозници во Скопје денеска и утре нема да сообраќаат по 10 часот наутро

Дел од нив, како што велат, имале средба со директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, кој сега веќе е разрешен од функцијата, а од кого добиле ветување дека постепено ќе им се исплаќаат заостанатите средства

-

Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје тврдат дека Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) им должи пари, односно од јануари наваму ги добиле само дел од средствата што им следуваат. Поради тоа, денеска и утре ќе возат само до 10 часот изутрина, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму.

Денеска, преку изјави во медиумите, гадоначалничката на Скопје, под чија ингеренција е ЈСП Скопје, посочува дека не е точно оти им должи пари на приватните превозници.

Дел од нив имале средба со директорот на ЈСП Скопје, кој сега е разрешен и кој им ветил дека постепено ќе им се исплаќаат заостанатите средства, како и дека до септември целосно ќе им го исплати долгот. Во моментот немаат никаква најава што се случува по неговото разрешување.

До петок ќе возиме само до 10 часот наутро, а потоа ќе решиме што ќе правиме”, вели Оливер Петрушевски.

Од доаѓањето на функција на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, јавниот превоз во градот е во незавидна состојба. Таа постојано именува нови директори, а конфликтот со приватните превозници трае со години.

И април без приватни превозници во скопскиот јавен превоз, распишан нов повик

Марио Спасевски
Марио Спасевски
Новинар, Поткастер, Туризолог, Надреалист, Гејминг Гуру, Авантурист, Патник низ времето

Тошковски: Сè уште не е поднесена кривична пријава против „Конти“, апелирам да се внимава при инвестирањето во потенцијални пирамидални шеми

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски апелираше граѓаните да внимаваат при инвестирањето во потенцијални пирамидални шеми, каква што се смета дека е апликацијата „Конти“. Министерот дополни дека е свесен...