Палестинците во жалост и урнатини го одбележуваат Курбан Бајрам

Израелската армија денеска најави дека ќе обезбеди пауза на воените активности по одредена рута за да се дозволи поголема помош во Газа

-

Палестинците во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег го одбележуваат Курбан Бајрам додека израелската војска продолжува со напади повеќе од осум месеци по почетокот на војната. Во опколената енклава, каде што досега се убиени повеќе од 37.000 Палестинци, луѓето денеска се собраа во урнатините на нивните населби за да се молат. Во меѓувреме, како што јавува Ал Џезеира, израелската војска агресивно ги напаѓа западните области на Рафах додека напредува со својата копнена инвазија на најјужниот град и ги погодува областите низ централна Газа.

„Тие напади повторно ги примораа луѓето на внатрешни раселувања. Во северниот дел на Појасот, луѓето не само што се справуваат со оружени напади врз нивните домови туку и со ширењето на дехидрација и глад. Ова се случува на првиот ден од Бајрам, каде што гледаме стотици илјади раселени палестински семејства, многу од нив во жалост“, пренесува Ал Џезеира.

Владината канцеларија за медиуми во Газа доцна во саботата соопшти дека Израел го спречува влезот на жртвени животни во енклавата од сите премини, спречувајќи ги Палестинците да вршат жртвени ритуали како дел од Курбан Бајрам. Израелската армија денеска најави дека ќе обезбеди пауза на воените активности по одредена рута од 8 часот наутро до 19 часот секој ден, до натамошното известување, за да се дозволи поголема помош во Газа од преминот Карем Абу Салем. Сепак, израелските војници ќе продолжат да се борат во јужниот дел на енклавата и дека нема да има прекин на непријателствата.

Започна третото издание на Маалски фестивал под мотото „Културата како јавно добро“

Вчера, во Парк во Франкофонија, активистите, уметниците и учениците ги споија познавањата и креативноста во колективни мемории и дела. Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Коле Неделковски" - Центар,...