Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од конкурсот за доделување стипендии за студии од трет циклус во земјата за академската 2023/2024 година.
„Сите кандидати ќе добијат решение, а одбиените кандидати ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од страна на Министерството за образование и наука во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. Кандидатите кои се прифатени дополнително ќе бидат известени за потшишување на договор“, информира МОН.
Конкурсите за доделување стипендии за академски студии од втор и трет циклус за академската 2023/2024 година беа објавени на 4 јануари, а неколку недели подоцна беа избришани од интернет-страницата на министерството. Во МОН тогаш објаснија дека не биле повлечени, туку аплицирањето престанало во моментот кога ќе се пријават доволен број апликанти.
Висината на стипендиите за втор циклус е 9.000 денари за девет месеци во годината, а оние за трет циклус се во висина од 18.000 денари. Селектираните докторанди ќе ја добиваат во времетраење од 12 месеци.