fbpx

Од полноќ бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Литар ЕУРОСУПЕР БС - 95 од вечерва ќе чини 82,5 денари, соопшти РКЕ

-

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денари за литар, а малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1 денар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика

(РКЕ). Освен тоа, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,5 денари.

„Од вечерва на полноќ ќе има нови цени на горивата. Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 82,5 денари, литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 84,5 денари, дизел горивото ќе чини 73,5 денари, маслото за горење Екстра лесно – 73 денари, а килограм Мазут М-1 НС чини 42,4 денари“, наведено е во соопштението на РКЕ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ВМРО-ДПМНЕ повторно ја враќа оградата од ковано железо околу Владата

Меѓу многуте одлуки од денешната, втора седница на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, донесена е и одлука за враќање на оградата околу владината зграда, која беше отстранета пред пет...