fbpx

Обвинителството ќе го истражува неработењето на хируршките сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Веќе една недела не работат хируршките сали во најголемиот клинички центар во државата, наводно поради непријатна миризба во нив како и проблеми при доводот на кислород

-

Основното јавно обвинителство (ОЈО) ќе истражува дали има кривично дело во тоа што веќе една недела не работат хируршките сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Според првичните информации објавени минатата недела, дел од причините за неработењето на салите е непријатниот мирис кој се ширел низ вентилацискиот систем и проблемот со доводот на кислород.

Министерството за здравство (МЗ) веќе една недела не коментира за причините ниту извести дали се преземени мерки за решавање на проблемот. Обвинителството вели дека добиле известување од МЗ за проблем со вентилацискиот систем.

„Ќе се преземат дејствија за да се провери дали во настанот воопшто има елементи на кривично дело“, соопшти ОЈО.

Раководството на Клиничкиот центар исто не се изјасни дали дефектот кој предизвика неработење на операционите сали е решен и кога истите ќе бидат повторно ставени во функција.

Министерот за здравство Илир Демири утре ќе одржи прес-конференција во 12 часот, но нема детали за што ќе се зборува на истата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претседателката Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо, соопштија од претседателскиот кабинет. На средбата било констатирано дека билатералните односи меѓу двете држави се основани...