fbpx

(ВИДЕО) На скопскиот аеродром запленети 185.000 норвешки круни пронајдени во црна торба

Патникот, кој бил норвешки државјанин со потекло од Косово, во себе во црна торба носел 305 илјади норвешки круни што царинските службеници ги пронашле при контрола на скенер

-

Царинската управа соопшти дека запленила 185 илјади норвешки круни, откако патник на излез од државата на Меѓународниот аеродром Скопје не ги пријавил истите кај царинскиот орган.

Патникот, кој бил норвешки државјанин со потекло од Косово, во себе во црна торба носел 305 илјади норвешки круни што царинските службеници ги пронашле при контрола на скенер.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени 120 илјади норвешки круни, а останатите биле запленети. Против него е поднесена и соодветна пријава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...