fbpx

Бесими симболично купи граѓанска обврзница за да ги поттикне и граѓаните

Министерот на Фејсбук објави дека обврзницата ќе ѝ ја подари на неговата 14-годишна ќерка, како нејзина прва инвестиција за подобра иднина

-

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, симболично купи граѓанска обврзница, и ја објави на својот профил на Фејсбук, велејќи дека ќе ѝ ја подари на неговата 14-годишна ќерка, како нејзина прва инвестиција за подобра иднина.

Во објавата на Фејсбук, министерот Бесими го истакна значењето на оваа инвестициска активност која, како што вели, има за цел да ги финансира клучните иницијативи од националниот буџет, во корист на економијата и благосостојбата на граѓаните.

Аукцијата за овие обврзници е закажана за 13 јули 2023 година, а сопственоста на граѓанските обврзници ќе биде евидентирана во Депозитарот за хартии од вредност на 20 јули 2023 година.

Министерот Бесими нагласи дека со инвестирање 10.000 денари, физичките лица две последователни години можат да очекуваат годишен принос од 500 денари. Првата исплата треба да се исплати на 20 јули 2024 година, а почетната инвестиција ќе биде вратена во 2025 година.

Бесими ги покани граѓаните да се приклучат на оваа, како што вели, важна национална иницијатива, нудејќи лична благосостојба преку осигурување и поволни можности за инвестирање.

Во врска со евентуалниот конфликт на интереси, министерот Бесими пишува дека ќе се воздржи од учество во инвестиции во граѓански обврзници додека ја извршува својата должност како министер за финансии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...