fbpx

Почина актерот Леонард Нимој, легендарниот Спок од „Ѕвездени патеки“

-

Американскиот актер Леонард Нимој, кој го толкуваше легендарниот лик на Спок во култниот серијал „Ѕвездени патеки“, починал денеска во Лос Анџелес на 83-годишна возраст, соопштило неговото семејство, пренесуваат светските медиуми.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, неговиот син Адам изјавил дека Нимој починал од хроничната болест на белите дробови, која влегла во краен стадиум.

Нимој имаше долга кариера и како актер и како режисер, но најмногу ќе биде запаметен по портретирањето на ликот на Спок, получовек, полувулканец, во телевизиските серии „Ѕвездени патеки“ и во серијалот долгометражни филмови.

Минатата година, актерот откри дека има хронична болест на белите дробови. Пред десетина дена, односно на 19 февруари, тој беше хоспитализиран откако се пожалил на болки во градите.

Нимој својот последен „твит“ го потпишал со легендарната фраза на својот лик од „Ѕвездени патеки“: „Живеј долго и напредувај“ (Live long and prosper).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Силјановска Давкова стана претседателка, при заклетвата не го користеше уставното име

Новата претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, на денешната инаугурација во Собранието, при положувањето на заклетвата избегна да го каже уставното име на државата. Иако претседателот на...