fbpx

„Нова“: Наодот на Тамара е изваден од контекст

-

Извадени се од контекст деталите од извештајот од обдукцијата на Тамара Димовска, тврдат за „Нова“ од Институтот за судска медицина.

Експертите велат дека тие ја навеле бронхопневмонијата како непосредна причина за смрт, но кој е условот и поводот што довел до оваа болест и до смрт, ќе биде предмет на понатамошната истрага.

– Ние ја дадовме непосредната причина за смрт, а тоа е бронхопневмонија. Но, условот и поводот кои довеле до смрт ќе бидат предмет на понатамошна постапка – изјави за „Нова“ професорката Биљана Јаневска, која го предводеше тимот што ја изврши обдукцијата.

Јаневска објаснила дека сколиозата како основна болест довела до намалување на градниот кош и до намалување на капацитетот на белите дробови, што предизвикало понатамошни компликации. Токму тоа ќе стои и во лекарскиот извештај, кој е, всушност, официјален документ за причина на смртта, а треба да го подготви и на семејството да му го предаде Институтот за судска медицина.

– Во тој извештај прво стои непосредната болест која довела до смрт, а тоа, во случајот, е брохопневмонијата. Второ е состојбата на болест, а последна е основната болест, односно сколиозата – вели Јаневска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...