fbpx

„Кока-кола“ планира да затвори 2.000 работни места

-

Производителот на безалкохолни пијалоци „Кока-кола“ планира во наредните недели да затвори од 1.000 до 2.000 работни места на глобално ниво, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на лица запознаени со состојбите во компанијата.

Затворањето на работните места е дел од програмата за намалување на трошоците на „Кока-кола“, вредна три милијарди долари, што беше најавена од компанијата по падот на добивката за 14 отсто во третото тромесечие, пишува „Волстрит џурнал“.

Се очекува намалувањето на трошоците најмногу да ги погоди седиштето на компанијата во Атланта и нејзините регионални канцеларии во светот.

Од „Кока-кола“ изјавиле дека ги известиле вработените дека реструктуирањето на компанијата ќе влијае на работните места, но не кажале за колкав број ќе бидат намалени работните места.

„Кока-кола“, исто така, воведува и построга контрола на трошењето, и ,како пример, бара од раководителите возењето со лимузини да го заменат со такси, а била откажана и божикната прослава за аналитичарите од Волстрит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полуматуранти од Подгорица славеле со факели, па го запалиле кровот на училиштето

Полуматуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Подгорица го запалија училишниот покрив за време на церемонијата која ја имале со палење факели, по повод завршувањето на школувањето, пренесе „Н1“. Директорката...