fbpx

Нема веќе пораѓање со царски рез по желба

-

Нема веќе желби за раѓање. Со новото упатство, гинеколозите можат да прават царски рез само ако има медицински индикации, дознава „Здравство 24“ (zdravstvo24.mk).

Оваа одлука доаѓа по алармантните податоци на ФЗОМ за 2013 година, според кои, 50 проценти, односно секоја втора охриѓанка и стружанка биле породени по пат на хируршка интервенција. Доста висок е и процентот на ниво на држава.

Од 20.463 раѓања лани, 6.350 биле со царски рез. Постари родилки, близначка бременост, ХИВ-позитивни се со индиција за вакво породување. Но, предностите од вагиналното, според гинеколозите се неспорни.

И додека во Македонија има драстично зголемување на породувањата со царски рез, во земјите од регионот има намалување. Ако во Македонија е 29 проценти, во Словенија и во Хрватска е за десет проценти помал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Силјановска Давкова стана претседателка, при заклетвата не го користеше уставното име

Новата претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, на денешната инаугурација во Собранието, при положувањето на заклетвата избегна да го каже уставното име на државата. Иако претседателот на...