fbpx

АВМУ: СДСМ добива повеќе време во медиумите од ВМРО-ДПМНЕ

-

СДСМ добива повеќе секунди од ВМРО-ДПМНЕ на МРТ, „Канал 5“, „Сител“ и на „Телма“, покажуваат првите извештаи од надзорот на телевизиите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Надзорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за работата на јавниот сервис „Македонска телевизија“ за периодот од 2 до 11 септември, покажа дека во централниот дневник во 19.30 часот позастапен бил субјектот СДСМ во однос на субјектот ВМРО-ДПМНЕ. Односно од 3 часа и 47 минути, за СДСМ биле посветени 7,49 отсто од времето, а за ВМРО-ДПМНЕ 4,13 отсто“, стои во соопштението на АВМУ.

Во категоријата „директни обраќања на субјектите“, пак, од АВМУ констатираат дека за СДСМ било потрошено 15,16 отсто од времето, а за ВМРО-ДПМНЕ 3,36 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...