fbpx

Попоски на министерски состанок во Братислава

-

Заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, од денеска е во дводневна посета на Братислава, каде ќе учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.

Учеството на Попоски на состанокот е на покана на високиот претставник за надворешни работи и за безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и на Мирослав Лајчак, министерот за надворешни работи на Словачка Република, во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ.

За време на состанокот, Попоски ќе оствари и билатерални средби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столтенберг не барал од Москва откажување на изложбата на запленето западно оружје од Украина

На Телеграм има профил “Jens Stoltenberg”, кој делува како да му припаѓа на шефот на НАТО, но нема некоја ознака дека е верифициран и има само 15 следбеници, ама од...