fbpx

Петар Поповски од Охрид е добитник на највисокото научно признание во Данска

-

Петар Поповски, доцент на угледниот Универзитет во Алборг, по потекло од Охрид, e еден од петтемина научници што годинава се закитија со највисокото државно признание од областа на науката и на високата технологија што го доделува Министерството за високо образование и наука на Кралството Данска.

Ова е вторпат Петар Поповски да ја добие оваа престижна награда за достигнувањата во областа на безжичните технологии. Наградата „Елит форск“ (Elite Forsk) ја доби и во 2008 година.

На свечената церемонија одржана синоќа во музејот „Глиптотек“ во Копенхаген, наградата ја додели данската принцеза Мари.

Според зборовите на министерот за образование и наука на Данска, Есбен Лунде Ларсен, наградите се признание за тие што се издвојуваат со својот талент, научниците кои поставуваат повисоки стандарди и цели пред себе, водени од амбициите да бидат најдобри во своите области.

Охриѓанецот Петар Поповски е дипломиран електроинженер, првенец на Електротехничкиот факултет во Скопје во генерацијата 1997. Магистрира во 2000 година на Електротехничкиот факултет , каде и привремено работи како асистент, во Институтот за телекомуникации.

Во 2001 година заминува за Данска, на докторски студии во Универзитетот во Алборг. Од 2004 работи како доцент на Универзитетот во Алборг. Од 2008 година покрај универзитетската позиција, работи и како експерт за безжична технологија во фирма за високотехнолошки апарати за слушање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Старо обраќање на Црвенковски од пред три години прикажано како ново пред изборите

Пред изборите кои се одржаа на 8 мај 2024 година, Црвенковски немал никакво обраќање ниту порака испратена до власта. Црвенковски испратил порака дека Македонија е корумпирана држава, но тоа не...