fbpx

Агенцијата за катастар воведе нова услуга за банките и за компаниите

-

Агенцијата за катастар на недвижности воведе нова услуга за банките, извршителите и за компаниите, така што тие преку апликација во секој момент ќе имаат увид во состојбата на имотот за кој се заинтересирани.

За да се користи оваа услуга, потребна е претплата на сервисот, со што на клиентите ќе им биде овозможено следење на сите поднесени барања и промени на имотниот лист.

– Се работи за апликација која е директно барање од банките и од извршителите и која ќе ја зголеми правната сигурност на имотот за кој доверителите се должни да се грижат во смисла на обезбедување. Се работи за апликација со која било дали е банка, извршител или доверител, ќе може преку електронскиот шалтер да се најави и да го лоцира имотот за кој има правен интерес – изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески.

Покрај оваа услуга, Катастарот ги има воведено и Дистрибутивниот геопортал и Регистарот на цени и закупнини, кои, исто така, претставуваат олеснување за компаниите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...