fbpx

Дамјан Стојановски останува во МЗТ

-

Македонскиот шампион МЗТ Скопје, по долги преговори, успеа да се договори со Дамјан Стојановски за продолжување на соработката.

Според информациите што ги објавија дел од македонските портали, Дамјан се согласил да остане во МЗТ до крајот на сезоната.

Претходните две сезони македонскиот репрезентативец беше носител на играта на МЗТ Скопје, но летово реши да побара ангажман во странство, откако со „аеродромци“ не успеа да се договори околу платата.

Стојановски првиот натпревар за МЗТ оваа сезона би можел да го запише в недела, против Цедевита, доколку клубот успее навреме да го регистрира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МОН: Нови учебници на клупите ќе ги пречекаат учениците од септември

Се печатат сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024/2025 година....