Македонците во Албанија вознемирени од изјавата на поглаварот на ИВЗ

-

Изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, дадена за „Лајм“, а во која тој тврди дека „Македонци муслимани не постојат и дека тие се ѓаволско дело и претставуваат ин-витро нација, создадена од партијата ВМРО-ДПМНЕ“, наиде на остра осуда меѓу Македонците во Албанија.

Досега, официјално реагираа Македонско друштво „Илинден“ од Тирана и разгранокот за Голо Брдо, регион со најголема концентрација на Македонци со муслиманска вероисповед.

– Македонците муслимани во Република Албанија имат своја традиција и се автохтони на овие простори. Македонско друштво „Илинден“ најостро ја осудува изјавата на поглаварот на ИВЗ и смета дека е крајно недолична, недозволива и неодговорна. Таа е груба навреда на достоинството на Македонците муслимани во Албанија. Македонско друштво „Илинден“ од Тирана бара реисетот на ИВЗ на Република Македонија безусловно да се извини пред муслиманите Македонци и пред македонскиот народ во целина – се вели во соопштението, потпишано од претседателот на Македонско друштво „Илинден“ во Тирана, Никола Ѓурѓај, и претседателот на Македонско друштво „Илинден“ – разгранок за Голо Брдо, Ули Халилај.

В.М.

Мета факт: Не е прв пат во последните 7 години просечната плата да има пад на месечно ниво

Поранешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска и сегашна пратеничка на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија во изјава за медиумите посочи оти „за прв пат после седум години...