fbpx

Од остатоците на рускиот авион досега се извадени 175 тела

-

Од остатоците на рускиот авион, кој вчера се урна на Синајскиот Полуостров, досега се извадени 175 тела.

Во мртовечниците во Каиро веќе се испратени 163 тела, а оттаму со авион на руското министерство за вонредни ситуации, би требало вечерва да бидат пренесени во Санкт Петерсбург.

Во гратчето Ел Хасна, во чија близина се урна рускиот авион со 224 патници и членови на екипажот, веќе се пристигнати хеликоптери со претставници на руските министерства за вонредни ситуации и за сообраќај, како и на федералната агенција за цивилно воздухопловство. Во текот на денот се очекува и пристигнување на руски експерти, кои патуваат со автомобили до местото на несреќата.

За неколку часа се очекува да почне анализата на податоците од двете црни кутии, изјавија претставници на египетската влада.

– Дешифрирањето на црните кутии можеби ќе биде извршено во Египет, но конечна одлука за ова прашање сè уште не е донесена – изјави денеска раководителот на руската агенција за цивилно воздухопловство, Александар Нерадко.

Тој додаде дека вообичаено во вакви ситуации во анализата на податоците на црните кутии учествуваат експерти од двете земји.

Рускиот министер за транспорт, Максим Соколов, изјави дека црните кутии имаат претрпено помала штета.

Авионот на руската компанија „Когалимавиа“, кој тргна од Шарм ел Шеик за Санкт Петерсбург, се урна вчера околу половина час по полетувањето. Во несреќата нема преживеани.

Во Русија денеска е прогласен ден на жалост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...