На битолчани им недостига повисока свест за да се спротистават на загадувањето

-

Загадениот воздух во Битола и поразителните податоци што директно се одразуваат врз здравјето на битолчани, со еден новозаболен од рак секој ден, не ја издигнаа свеста кај граѓаните под Пелистер на повисоко ниво за да можат и поодговорно да побараат справување со проблемите. Ова е еден од заклучоците на синоќешната трибина во Битола на тема „Здравата животна средина е основно човеково право“, организирана од „Диверзити медиа“ во рамки на проектот „Глобал дискусии“.

– Битолчани сè уште ја немаат издигнато на повисоко ниво свеста за тоа што им се случува. Тие се со еден посебен менталитет и сметаат дека други треба да им ја завршат работата. Ако во градот има 26.000 домаќинства, а според онколозите има секој ден по еден новозаболен од рак, значи дневно во секое 71. семејство по еден член заболува од тешката болест. Дури и една ваква поразителна статистика не нè тера да се организираме како граѓани да излеземе на улица и да бараме веднаш и сега конкретни мерки да се спречи ова загадување на воздухот – рече Анета Блажевска, новинар.

Битола и по 180 дена во годината дише нечист воздух полн со опасна прашина, која директно се одразува на здравјето. Последната година граѓанското здружение „За нас се работи“ успеа да извади на  улица неколку илјади граѓани на мирни протести, барајќи чист воздух за битолчани, но за кусо време иницијативата замре.

– Свеста на граѓаните полека се зголемува, но дојдовме до ѕидот кој е непробоен. Во Општина Битола постои програма за здрава животна средина, но оваа програма, бидејќи не е популистичка, нашиот градоначалник ја чувал во фиока. Ете, тука е ѕидот пред кој ние се повлековме. Зашто тој бара помасовно организирање, а ние за тоа се подготвуваме – рече Душко Груевски од граѓанското здружението „За нас се работи“.

Беса Татеши, експерт за екологија од Министерството за животна средина и просторно планирање, која работи на проектот за добивање на интегрирана еколошка дозвола А на РЕК-Битола, вели дека надлежното министерство не крие дека најголем загадувач на воздухот во Битола е електро-енергетскиот комбинат. Но, и според неа, притисокот на јавноста околу загадувањето врз министерството не е во тие размери во кои е и проблемот.

– Од моето работно искуство, морам да признам дека притисокот од јавноста и од граѓаните не е во мера во која го гледаме на терен и во поглед на проблемите што граѓаните ги чувствуваат. РЕК-Битола загадува и тоа никој не го крие. Ние сме свесни дека воздухот е загаден и тоа мора да се признае. Но, не се согласувам дека главниот извор на загадување е само индустријата – рече Татеши, апелирајќи и граѓаните да бидат повеќе свесни и поодговорни за намалување на загадувањето на животната средина.

Во дебатата се вклучија и граѓаните, критикувајќи како е можно во град каде загадувањето на воздухот е на екстремно високо ниво, Општината од буџетот да издвојува само 10.000 евра за еколошки проект, а 50.000 евра да вложува во разубавување и во доградба на метални мостови.

А.Б.

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе биде причина...

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите браќа го...

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите, информира Јавното обвинителство. Како што објаснуваат...

Два случаја на мајмунски сипаници, не значи дека во најава е некаква пандемија

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на 22 мај информираше дека во земјава се потврдени првите два случаја на мајмунски сипаници. Двата пациенти суспектни на мајмунски сипаници, од Клиниката за кожни болести,...

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе...