fbpx

Мажи сo долги бради и традиционална исламска облека шетаат низ Битола

-

Расте ли бројот на следбеници на радикалниот ислам во Битола, е дилемата на граѓани на Битола последниот период, откако според нив е се позабележително движењето низ градот на мажи со долги бради , куси пантолони и традиционала исламска облека. Вакви реакции од битолчани стасале и до битолското муфтивство, од каде велат дека за секоја пријава од граѓаните што асоцира на вахабизам пријавиле во полиција.

-Во Битола се почитува традиционалниот ислам и затоа нашите граѓани регираат на позачестеното несвојствено облекување на граѓани за овие простори, што потсетува на вахабизам. Досега сме регирале преку 20 пати во полиција, но навистина не знам зошто немаме реакција и одговори – вели битолскиот муфтија Плуми Велиу.

Според него не е исклулено овие граѓани за одредена сума на пари да се повикуваат и да пропагираат вахабизам, иако битолското муфтивство будно ги следи состојбите во овој дел од државата .

– За забележителеното облекување и привлекување на внимание, веруваме дека тие луѓе земаат пари, се работи за глобално движење, чии форми на дејствување се различни, но целата им е една. За прифаќањето на ваков начин на живот веруваме дека месечно земаат пари. На пример 200 евра, но ако разубедат и други тоа да го направат сумата е се повисока. Како муфтивство не дозволуваме ништо што ќе му наштети на традиционалниот ислам, но тоа не значи дека така ќе биде и утре – вели муфтијата Велиу.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...