fbpx

Цените во домашната економија се намалиле за 0,3 отсто

-

Во просек, во првите седум месеци од годината, општото ниво на цени во домашната економија се намали за 0,3 отсто на годишна основа.

Од друга страна, порастот на базичната инфлација забрза, потврдувајќи ја констатацијата за намалени ризици од понатамошно намалување на цените.

– Инфлациските остварувања засега се оценуваат дека се во рамки на проектираните. Последните оцени за надворешните претпоставки, споредено со априлските проекции, покажуваат очекувања за нешто пониски светски цени на енергијата и на прехранбените производи. Честите промени во очекувањата за цените на примарните производи упатуваат на значителна неизвесност околу идното движење на овие производи и на голема можност за нагли промени кај овие категории – се вели во соопштението на Народна банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...