fbpx

Заев се сретна со американскиот конгресмен Елиот Енџел

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар, Оливер Спасовски, и од членот на извршниот одбор на СДСМ и претседател на комисијата за економија, Драган Тевдовски, попладнево се сретна со делегација предводена од американскиот конгресмен Елиот Енџел, од која дел беше и амбасадорот на САД во Македонија, Џејмс Бејли.

Актуелната политичка криза во Македонија, меѓуетничките односи и евроатлантските перспективи беа главните теми на разговор.

Претседателот на СДСМ, Заев, ги соопшти политиките на партијата насочени кон враќање на уништените демократските вредности во Македонија.

– Институциите се партизирани, јавната администрација работи под притисоци на власта, медиумите и судството се под целосна контрола на власта. Поради ова, изгубена е довербата во узурпираните институции, како што најдиректно посочуваат последните извештаи на Стејт департментот, на Европската комисија, на ОН. Погазената демократија и слободата на граѓаните мора да се вратат. За таа цел, инсистираме на организација на влада во која и власта и опозицијата мора да бидат гаранти за изразување на слободната волја на граѓаните и за подготовка и за спроведување фер и демократски избори – рече Заев.

Тој изрази очекување дека наскоро ќе се одржи лидерската средба и нагласи дека е потребна сериозност и одговорност од сите страни кон интересите на граѓаните, а не кон лични и партиски цели.

Американскиот конгресмен Енџел и членовите на делегацијата се интересираа особено за меѓуетничките односи во Македонија.

Заев го посочи позитивниот пример со коалицијата „Граѓаните за Македонија“, која покажа дека граѓаните, независно од различностите по која било основа, можат да функционираат заедно кога за тоа постои искрена волја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...