fbpx

Изложена импозантата колекција уметнички дела на „Пивара Скопје“

-

Повеќе од 100 уметнички дела од познати македонски сликари, сопственост на „Пивара Скопје“, беа изложени денеска во Порта „Македонија“.

Оваа импозантна колкеција е изложена за јавноста во чест на 90-годишнината на компанијата.

– Изложувањето на овие слики е неочекувано, но природно. Направивме спој на уметничките дела од најпознатите македонски сликари и на уметноста на правење пиво. На овој начин ја покажавме страста на луѓето од компанијата кон уметноста, но и кон правење на овој наш препознатлив производ – истакна директорот на „Пивара Скопје“, Александар Ружевиќ.

Кустосот на изложбата, Мирјана Талескa, истакна дека ова е една од најбогатите приватни колекции и има исклучително значење во зачувување на македонското културното наследство.

– Овие дела имаат бесценета уметничка вредност и огромно значење за нашето културно наследство, што дава особена тежина на грижата на една компанија, како „Пивара Скопје“, и на нејзиниот напор да ја препознае оваа вредност и соодветно да вложи во нејзиното зачувување и афирмација – рече Талеска.

„Пивара Скопје“ е сопственик на 116 дела кои припаѓаат на основоположниците на македонското сликарство, сликарите од подоцнежниот период, но и на познати сликари од поранешна Југославија.

Порта „Македонија“ ќе биде домаќин на изложбата „Уметност и пиво“ на „Пивара Скопје“ за сите заинтересирани посетители во перидот од 10 јуни до 10 јули оваа година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...