fbpx

Совет на честа на ЗНМ: Новинарите да го почитуваат Кодексот

-

Поради се почестите претставки од граѓани, фирми и граѓански организации за пишувањето и за известувањето на радиодифузерите, печатените медиуми и на интернет-порталите, Советот на честа изразува загриженост поради непридржувањето кон Кодексот на новинари. Исто така, непримерна е злоупотребата на новинарите од разни центри на моќ, кои влијаат да промовираат сопствени интереси.

„Советот на честа укажува дека сите што работат во кој било вид медиум, без оглед на тоа дали се новинари по вокација или не, мора да водат сметка за тоа што објавуваат, каков речник користат и со какви аргументи настапуваат во своите информации, особено кога се тие директно насочени против некого или против некоја фирма или граѓанска организација. Од тие причини, предупредуваме дека во огромен број случаи се објавуваат непроверени информации или непотпишани текстови, во кои се кршат новинарските професионални и етички норми и стандарди. При тоа, многу често се шири говор на омраза и се создава состојба на линч против неистомисленици или, во најмала рака, нетрпеливост кон одредени личности и групи“, се вели во соопштението.

Советот на честа, стои во соопштението, потсетува дека и интернет-порталите ги имаат сите права и обврски како и другите медиуми и токму поради тоа треба да водат сметка и да придонесуваат за заштита на слободата на говорот и на новинарството како професија, а не да поттикнуваат ширење на говор на омраза, нетолеранција и оцрнување личности и групи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бизнис идеите на младите презентирани на првиот ден од Стартап Викенд Охрид

Викендов, од 26 до 28 април се организира второто издание на Стартап Викенд Охрид, настан кој е најголем од ваков тип во државата, а кој започна вчера попладне и...