fbpx

Во поплавите во Чиле загинаа 17 луѓе

-

Најмалку 17 луѓе загинале, а 20 се исчезнати во поплавите што го погодија северниот дел на Чиле, соопшти чилеанската влада.

Портпаролот на претседателката на Чиле, Мишел Бачелет, изјави дека владата ќе издвои речиси 10 милиони долари за областите што беа погодени од поплави.

Во поплавените подрачја беа распоредени војници, а владата на загрозеното население им испратила 700 тони помош, вклучувајќи храна, облека и лекови.

Министерството за внатрешни работи прогласило вонредна состојба во средата.

Според податоците на Метеоролошката служба, на северот од Чиле, наврнало 10 пати повеќе дожд отколку вообичаено за една година. Областа низ годините била изложена на суша и не била подготовена за потоп.

Помеѓу оние на кои поплавата им ги однела куќите е и рударот Виктор Замора, кој во 2010 година стана познат во светот откако помина повеќе од два месеци во урнатиот рудник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...