ВМРО-ДПМНЕ: Зголемување на цената на водата е втор шок за граѓаните


       
Скопје, 26 јануари, 2018 - 14:26 (META) 

Зголемување на цената на водата е втор шок по зголемувањето на акцизата за дизелот од 3,5 денари. Од јануари граѓаните плаќаат поскап дизел, наскоро ќе плаќаат и поскапа вода, изјави Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ наместо живот, донесе беда. Трошоците на живот пораснаа за 1,4 отсто, а цените на мало за 3,2 отсто, што тоа директно влијае на намалување на стандардот. Економијата стагнира, а во третиот квартал растот е само 0,2 отсто, без изглед за приближување до ветените 5 отсто раст. Според статистиката над 450 илјади Македонци се сиромашни. Најголем процент на сиромаштија е кај младите до 17 години и изнесува 30 отсто – вели Ласовска.

Таа додава дека нема ништо од ветената плата од 500 евра, ги нема 100.000 денари плата за лекарите специјалисти и ветените 600 километри нов автопат.

– Билансот за економијата од 8 месеци владеење на СДСМ е еднаков на катастрофа. Економијата тоне, граѓаните почнуваат да запаѓаат во сиромаштија, а на власта око не и трепнува – додава Ласовска.