fbpx

Водата ќе поскапе поради воведување на тарифа за прочистување на отпадни води

-

Град Скопје не побара поскапување на водата, туку имаме законска обврска да ја спроведеме одлуката на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) која побара од ЈП „Водовод и канализација“, при пресметката на цената на водата, да воведе и тарифа за прочистување на отпадни води, брифираше денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Цената на водата до сега се утврдуваше врз основа на две ставки, врз основа на кои досегашната цена за кубен метар чинеше 29,32 денари. Но, согласно европската регулатива законска обврска имаме при пресметката на цената да воведеме тарифа за прочистување на отпадни води. Оваа тарифа изнесува 2,04 денари по кубен метар. РКЕ понуди три цени на водата, ние ја одбравме најниската, така што просечната сметка за вода од 500 денари, ќе се зголеми на 522 денари. Со ова минимално зголемување на цената на водата, прифативме обврска да земеме под управување две прочистителни станици на реката Лепенец кај Волково и пуштањето на употреба на прочистителната станица на реката Треска – појасни Шилегов.

Тој појасни дека, годишното одржување на овие две прочистителни станици чини 100 милиони денари.

– ЈП „Водовод и канализација“, со зголемувањето на цената на водата ќе има дополнителен прилив од 74 милиони денари. Другите 26 милиони денари ќе се обезбедат со рационализација на работењето – додаде Шилегов.

Новата цена на водата за физички лица ќе чини 30,71 денари по кубик и 60,66 денари за правни лица. Поскапувањето на водата ќе се најде како точка на дневен ред на Советот на Град Скопје в среда, а повисоки сметки граѓаните ќе добиваат од март.

Законската обврска за воведување на тарифа за прочистителни отпадни води важи од 2016 година, а Регулаторна комисија за енергетика, за првпат оваа година му наложува на ЈП „Водовод и канализација“ за спроведување на оваа регулатива.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...