fbpx

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе организира голем народен собир

-

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ утре во 15 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе одржи голем народен собир, најави Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на нивната страница на „Фејсбук“.

„ВМРО-ДПМНЕ порачува, време е за крај на политичката криза. Време е за крај на деструкциите, конфликтноста, поигрувањето со чуствата на луѓето, крај за штетите на угледот на државата. Без оглед на желбите и сценаријата на нашите опоненти ние секогаш сме се одликувале со поразлична свест од нив, поразлично чуство на одговорност кон граѓаните и кон државата затоа што за нас секогаш интересите на Македонија биле и се пред сите други. На Македонија и требаш сега“, се вели во најавата на „Фејсбук“.

Вицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров вчера најави дека овој викенд ќе биде викенд за трибини, собири и за партиски настани, а свое обраќање и дискусии ќе имаат политичари од ВМРО-ДПМНЕ, но и експерти и луѓе кои се надвор од политиката.

– Наредните денови ќе имаме партиски настани, собири и трибини, на кои ќе се дискутира за нашите проекти, постигнувања, но и за генерални политики. Ова ќе биде викенд на отчетност и на реални проекти и дела. Карактеристично за нашата партија и тоа што нас нè прави поинакви од нашите политички противници. Додека тие се занимаваат со смислување начини како да одбегнат избори или како да продолжат со деструкцијата и да ја продлабочат кризата, ние дискутираме за реалните проблеми на луѓето, на граѓанинот, што е и наша обврска како политичари, и се фокусираме на секојдневието на граѓаните, а не на маглата од негативизам што ја креира опозицијата – рече Тодоров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...