fbpx

Васко Ѓурчиновски е новиот началник на ГШ на АРМ

-

Со Указ на претседателот Ѓорѓе Иванов генерал мајор Васко Ѓурчиновски денеска е назначен за нов началник на Генералштабот (ГШ) на Армијата на Република Македонија. Неговото назначување беше соопштено на централната прослава на 18 Август – Денот на АРМ, на која учествуваат државниот и армискиот врв, претставници на дипломатскиот кор.

Ѓурчиновски доаѓа на местото на генерал-потполковник Методија Величковски, кому му истекува тригодишниот мандат. Новиот началник на Генералштабот на АРМ досега ја извршуваше функцијата постојан воен претставник на АРМ во седиштето на НАТО во Брисел.

Генералот Ѓурчиновски беше командант на Здружената оперативна команда, највисокото тело во АРМ, а претходно беше и командант на армиските специјалци и аѓутант на претседателот Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...