fbpx

В недела почнува новата сезона на Формула 1

-

Новата сезона на Формула 1 почнува в недела, со трката на „Алберт парк“ за Големата награда на Австралија, а денеска, во пресрет на големиот настан, се одржаа првите тренинзи.

Нико Розберг и Луис Хамилтон на тренингот беа оддалечени само 29 стотинки што покажува колку се изедначени болидите на Мерцедес. Возачот на Ред Бул, Даниел Рикиардо, поради проблеми со болидот, не ја заврши тренинг-сесијата. Себастијан Фетел, возачот на Ферари, заостана 1,5 секунда на петта позиција зад лидерот Розберг. Кими Раиконен имаше 1,8 секунда заостанување и се пласираше на осмата позиција. На третата позиција заврши Валтери Ботас од тимот на Вилијамс, а Фелипе Маса на седмата позиција со 1,5 секунда заостанување.

В сабота ќе се возат третиот тренинг и квалификациите, а трката за ГН на Австралија е закажана за недела, во 6 часот наутро по наше време.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...