!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Утре престануваат да важат мерките против аерозагадувањето во Скопје


       
Скопје, 10 јануари, 2018 - 15:51 (META) 

Владата од утре ќе ги укине вонредните мерки кои што беа преземени за да се намали загадувањето на воздухот во Скопје, затоа што податоците на мониторинг системот за квалитетот на воздухот вчера покажале дека среднодневните концентрации на ПМ10-честичките се под прагот на алармирање.

За активирање на мерките потребно е среднодневните концентрации да бидат над 200 микрограми на еден кубен метар барем на две мерни станици во Скопје.

„Среднодневната концентрација на РМ10 од 200 микрограми на кубен метар е надмината само на едно мерно место во Скопје, а со тоа епизодата со надминат праг на алармирање е прекината, што значи дека од утре четврток 11.01.2018 година мерките престануваат да важат“, стои во соопштението од Владата.