fbpx

Цел арсенал оружје пронајден кај 47-годишен охриѓанец

-

Цел арсенал оружје пронајде полицијата кај 47-годишен охриѓанец, за кој поднесе кривична пријава поради постоење основа за сомневање за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Од судија во претходна постапка, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски.

На осми февруари, пет минути по полноќ, кај Г.Ч. е пронајдено огнено оружје, пиштол марка „берета“, и рамка со 10 куршуми, во футрола на појас. Забележан бил на булеварот Македонски просветители во близина на градскиот плоштад.

При претрес извршен во неговиот дом, во присуство на адвокат, полициските службеници пронајдоа уште и рачна бомба, како и 309 парчиња муниција со различен калибар, дел сокриена во пластични кутии и кутии од мобилен телефон, а дел облепени со леплива лента.

Пиштолот, рачната бомба и муницијата се одземени и се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...