Тројца загинати и десетина повредени во напад со камион во Ерусалим

Камион удри во пешаци во Ерусалим, при што загинаа три лица, а беа повредени десетина, објавија израелските медиуми. Возачот на камионот веднаш е застрелан и убиен.

Полицијата засега смета дека станува збор за планиран напад.

– Ова е терористички напад, напад со прегазување – изјави портпаролката на полицијата за радио „Израел“.

Полицијата на „Твитер“ напиша дека мета на камионџијата биле израелските војници, кои штотуку се симнале од автобус.

Инцидентот се случил на популарното шеталиште во Стар Град во Ерусалим, соопштија медиумите, наведувајќи дека најмалку двајца од повредените се во тешка здравствена состојба.