!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Повеќе од 80 лица се повредени при рушење на тераса во зградата на индонезиската берза


Џакарта, 15 јануари, 2018 - 19:51 (META) 

Повеќе од 80 лица се повредени при рушење на тераса во зградата на индонезиската берза.

Во моментот на рушење на терасата, имало голем број на студенти кои биле во посета на берзата во Џакарта. Полицијата ги евакуирала луѓето и ги утврдува причините за несреќата.

Според информациите од портпаролката на индонезиската берза, немало застој во работата на системот и берзата продолжила непречено да работи.


Пожарот кој избувна во стан во центарот на Скопје е изгаснат, нема повредени


Скопје, 7 јануари, 2018 - 12:40 (META) 

Пожарот кој претпладнево избувна во стан во зграда на улица Даме Груев во центарот на Скопје е изгаснат, информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Пожарот од станот на вториот кат, се проширил и на балконот на стан над него, а според информациите, нема повредени.

Полициските екипи се на терен, но засега, официјално не соопштуваат за причините за настанатиот пожар.


Пожарот во Пржино изгаснат, едено девојче пренесено на клиника


Скопје, 2 декември, 2017 - 12:31 (META) 

Вчера, околу 16.50 часот, во Скопје на улица Баница во Пржино, избувнал пожар во зграда, при што биле опожарени осум подрумски простории, кои една аптека ги користела како магацински простор, се вели во билтенот на МВР.

Во пожарот 10- годишно девојче вдишало чад и било однесено на Клиниката за токсикологија.

Од Противпожарната бригада информираат дека пожарот бил локализиран и во неговото гаснење интервенирале 30 пожарникари со седум возила.


Полицијата спречи самоубиство на жена која сакала да скокне од зграда во Охрид


Охрид, 11 октомври, 2017 - 13:17 (META) 

Екипа на охридската полиција утрово спречила самоубиство на 41-годишна жена, која сакала да скокне од петтиот кат на зграда во Охрид.

Како што соопшти СВР Охрид, полициската акција траела околу еден час, во зграда во изградба на крстосницата од улиците Туристичка и Абас Амин, по што жената безбедно била спуштена до приземјето на зградата и предадена на екипа на итната медицинска помош.

Случајот бил пријавен околу 10.55 часот, од жител на Охрид кој ја забележал жената.

Во акцијата учествувале четворица полицајци. Двајца од нив почнале разговор со охриѓанката, додека, во меѓувреме, двајцата нивни колеги внимателно дошле до жената и ја оттргнале од работ на неоградената тераса на петтиот кат од зградата.

За случајот и за полициската интервенција бил известен и јавен обвинител.


Шест лица загинаа во пожар во Мумбај


Мумбај, 7 септември, 2017 - 14:56 (META) 

Шест лица загинаа во пожар што зафати зграда во Мумбај, соопштија денеска локалните власти.

Пожарот избувнал по експлозија на довод на гас во недовршена зграда, во која живееле работниците со нивните семејства.

Во пожарот се повредени 18 луѓе, од кои 12 се во критична состојба.

Полицијата во Мумбај ја истражува несреќата која се случила само една недела откако во градот се урна зграда во која загинаа 33 лица.


Градоначалникот на Прилеп осуден поради несовесно работење


Прилеп, 19 август, 2017 - 16:39 (META) 

Основен суд Прилеп го осуди градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески на парична казна од 36.900 денари, заради сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Истовремено, прилепскиот градоначалник е задолжен, на име надомест на штета на Општина Прилеп да и исплати 238.750 денари.

На Ристески му е изречена и алтернативна мерка, односно условна осуда казна затвор во траење од 3 месеци.

„Градоначалникот Ристески е прогласен за виновен затоа што во периодот од 18.07.2015 година па до 06.10.2016 година како службено и одговорно лице во Општина Прилеп, со несовесното постапување во вршењето на своите овластувања и должности не обезбедил правилна и законита заштита на сопственоста на Општината, односно не ја осигурил од штети зградата на Општина Прилеп. Со тоа, градоначалникот Ристески на Општина Прилеп и нанесол штета во износ од 238.750 денари, која настанала за време на одржаните протести од група граѓани во текот на месеците април, мај и јуни 2016 година“, се вели во пресудата.

На пресудата реагираше и градоначалникот Ристески кој вели дека „штетата на општинската зграда ја предизвикаа други лица за време на „Шарена револуција“, од кои треба да се бара одговорност.“

„Основниот суд Прилеп без да спроведе постапка во која што би ги соочиле аргументите, го потврдил налогот доставен од Основно јавно обвинителство Прилеп, иако истиот е апсурден и на него имам изјавено приговор, така што одлуката на судот се смета како воопшто да не била донесена. Убеден сум дека по спроведувањето на постапката во Судот ќе се докаже дека сум целосно во право. Штетата на општинската зграда ја предизвикаа други лица за време на „Шарена револуција“, од кои треба да се бара одговорност. Јас како градоначалник на Општина Прилеп имам обезбедено заштита на сопственоста на Општината“, се вели во реакцијата на Ристески.


Се урна четирикатна зграда во Мумбаи


Мумбаи, 25 јули, 2017 - 18:04 (META) 

Четирикатна зграда денеска се урна во Мумбаи, а спасувачките екипи трагаат по околу 40 лица за кои се верува дека се затрупани под урнатините.

Шефот на локалната противпожарна служба, Прабхат Рахангдале, соопшти дека досега девет лица се спасени, но дека под урнатините веројатно има уште околу 30 до 40 лица.

Засега нема информации за загинати, а деветте спасени лица се со полесни повреди и веднаш се префрлени во болница.


Зграда се урна во Карачи додека станарите спиеле


Карачи, 18 јули, 2017 - 14:04 (META) 

Најмалку две лица загинаа, а осум се повредени при уривање на трикатна зграда во пакистанскиот крајбрежен град Карачи, соопштија денеска пакистанските власти.

Спасувачката служба и понатаму се обидува да ослободи две лица кои се заробени под урнатините.

Зградата во сиромашниот кварт на Карачи се урнала утринава околу 3 часот, додека станарите спиеле.

Засега не е позната причината за уривањето на зградата.

Светските агенции наведуваат дека безбедносните прописи често не се почитуваат кога станува збор за градење објекти во сиромашните делови на Пакистан.


Нов пожар во Лондон – повторно гори зграда


Лондон, 24 јуни, 2017 - 19:44 (META) 

Најмалку едно лице е повредено во пожар кој изби во зграда во источен Лондон, а со огнот се борат 72 пожарникари.

Како што пренесува „Раша тудеј“, пожарот избил на третиот кат на зградата и се проширил на покривот, а едно лице е хоспитализирано.

Засега не се знае причината за пожарот.

Пред две недели во пожар во облакодерот „Гренфел“ загинаа повеќе од 70 лица.


Меј нареди истрага за причините за пожарот во зградата во Лондон


Лондон, 15 јуни, 2017 - 18:13 (META) 

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, денеска нареди истрага за причините за пожарот во зградата во западен Лондон, во кој загинаа 17 лица, јавуваат светските агенции.

Меј својата одлука ја објави по нејзината посета на местото на пожарот, за време на која британската премиерка не даде изјава за медиумите.

Според командирот на лондонската полиција, Стјуарт Канди, во болница на лекување се наоѓаат 37 лица, повредени во пожарот, од кои 17 се во критична состојба.

Пожарот во зградата со 120 станови и со околу 600 станари, во луксузниот кварт Кесингтон-Челзи, избувна ноќта меѓу вторникот и средата, и според очевидците се ширел со голема брзина.

Причините за пожарот сè уште не се познати.