fbpx
Таг: загинат

таг: загинат

Мотоциклист загина на магистралниот пат Охрид – Кичево

Четириесет и двегодишниот К.В. од Охрид попладнево загина во сообраќајна несреќа што се случила во близина на селото Требеништа, на магистралниот пат Охрид – Кичево. Како што соопштуваат од МВР, несреќата се случила кога К.В. со мотоциклот со кој управувал удрил во камион. Охриѓанецот веднаш бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија, каде била констатирана смрт.

„Мермерен Комбинат“ демантира дека во нивниот рудник починал работник

Компанијата „Мермерен Комбинат АД Прилеп“ демантира дека во рудникот „Сивец“ починал работник. „Очигледно, објавите во медиумите се однесуваат на друг рудник кој што нема никаква поврзаност со „Мермерен и Сивец“. Со цел да се избегне било какво недоразбирање, појаснуваме дека сивец мермерот се произведува исклучиво од страна на „Мермерен Комбинат АД Прилеп“, се вели во соопштението. Компанијата изразува длабоко сочувство до...

Работник загина во рудникот за мермер „Сивец“

Четириесет и осумгодишен прилепчанец К.П., вработен во рудникот „Сивец“ вчера бил тешко повреден, кога мермерна плоча паднала врз него и го потиснала. Работникот, како што информираат од полицијата, им подлегнал на повредите во Ургентниот центар во Скопје. Несреќата се случила околу 10.30 часот во близина на рудникот во селото Присад, каде при сечење на мермерни плочи, една од нив паднала...

Еден загинат во сообраќајка во Прилеп

Едно лице почина во сообраќајна несреќа која нешто по полноќ се случила на прилепската улица Иво Лола Рибар. Како што соопштија од МВР, сообраќајната незгода се случила помеѓу мотоцикл управуван од Д.Д. (25) од Прилеп и автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од А.Б. (31) и сопственост на приватно претпријатие од Прилеп. Во незгодата, тешки телесни повреди добил возачот на мотоциклот,...

Пукање на концерт во Њујорк – еден загинат и тројца повредени

Едно лице загина, а три се повредени при пукање во њујоршката сала „Ирвинг Плаза“ во која раперот Ти Ај требаше да одржи концерт. Њујоршката полиција соопшти дека 34-годишен маж бил прострелна во градите, а 33-годишен маж бил прострелан во стомакот, но не прецизира кој од нив е напаѓач, а кој е жртва. Истовремено, 26-годишна жена се здобила со прострелна рана...

Кавадарци одбележа 25 години од загинувањето на Сашко Гешовски

Во Кавадарци денеска беа одбележани 25 години од смртта на Сашко Гешовски, кој загина во Сплит во 1991 година, на 20-годишна возраст, како војник. На неговото вечно почивалиште цвеќе положија претставници на АРМ, гарнизон Криволак, борците од НОБ и граѓани. Сочувство до семејството изрази и градоначалникот Александар Панов. - Респект и поклонение пред оваа жртва и симболика на распадот на Југославија....

Еден загинат и еден повреден во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода што се случи синоќа на магистралниот пат Охрид - Кичево, во близина на населбата Горица, информираше портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски. Од повредите, на местото на несреќата починал 26-годишен кичевец, додека уште едно лице добило тешки телесни повреди, по што е итно префрлено во Општата болница во Кичево, а потоа...

Експлозија на автомобил бомба во Берлин

Едно лице загина во експлозија на автомобил бомба во германскиот главен град Берлин. Германската полиција наведува дека смртно настрадал возачот на возилото што експлодирало, пренесува „Би-би-си“. Полициски службеник кој се наоѓал на местото на настанот соопштил дека експлозијата се случила додека возилото се движело. Автомобилот, поради експлозијата, се превртел во воздух. Истрагата е во тек.

Пукање во Париз – едно лице убиено

Едно лице загина во пукање кое се случи во ресторан во центарот во Париз. Инцидентот избил на Булевар де ла Бастиља, дел од градот кој беше мета на терористи на Исламска држава, кои во координирани напади во Париз убија 130 лица. Полицијата уапсила едно лице, а двајца сè уште се во бегство по пукањето пред парискиот ресторан „Чез папа“, пренесува британскиот...

Еден загинат при судир на тенк и на автомобил во Норвешка

Едно лице загина во судир на тенк и на автомобил на селски пат во централниот дел на Норвешка, за време на големите воени вежби на НАТО, соопштија норвешката полиција и војската. Несреќата се случила во северниот дел на округот Тренделаг, каде во моментов се одвива воена вежба на НАТО и на земјите партнери, во која учествуваат 15.000 војници. Полковник на норвешката...

Моторџија загина во сообраќајна несреќа во Битола

Триесет и осумгодишен моторџија го загуби животот во сообраќајна несреќа, што вчера попладне се случила во индустрискиот дел на Битола. Мотоџијата настрадал во директен судир со товарно моторно возило. Сообраќајката се случила вчера, околу 18 часот, во индрустрискиот дел на Битола, на крстосницата од улиците Новачки пат, кој води кон селото Долно Оризари и улицата Индустриска, потврдуваат од битолската полиција. Од...

Еден загинат и двајца повредени во тепачка на мигранти во близина на Идомени

Еден мигрант загина, а двајца се повредени во крвава физичка пресметка што се случила во два часот по полноќ во близина на граничната зона Идомени. Како што пренесува грчката новинска агенција, жртвата и повредените се мигранти од Пакистан, кои, наводно, биле нападнати од група мигранти од Авганистан. Според информациите од грчката полиција, инцидентот се случил на бензинска пумпа во близина на...

Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Едно лице го загубило животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот Скопје - Велес, на 2 километри по наплатната станица кај Сопот, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, автомобил марка „фиат линеа“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот од десната страна и слетал во провалија. Поради непристапноста на теренот, припадниците на единицата за специјални задачи на МВР...

Украински војник загина во близина на Доњецк

Еден украински војник е убиен изминатите 24 часа во проруските сепаратистички региони, каде вчера повторно почнаа спорадични борби. Војникот загинал во селото Зајцево, кое се наоѓа на граничната линија меѓу војските, на 50 километри северно од бунтовничкото упориште Доњецк. - Сепаратистите ги напаѓаа со минофрлачи позициите на украинската армија - изјави на прес-конференција портпаролот на украинските сили, Олександер Мотузјаник. Украинските сили изутринава соопштија дека...

Мигрант загина кај Идомени, продолжува тензијата на границата

Еден мигрант загинал од струен удар, а двајца биле повредени во судир на мигранти и на бегалци на грчко-македонската граница, каде изминативе денови состојбата е тензична откако земјите од т.н. западно-балканска рута, меѓу кои и Македонија, ги затворија границите за економските мигранти и пропуштаат само бегалци од кризните жаришта, односно Сирија, Ирак и Авганистан, јавува балканскиот сервис на „Радио...

Телото на рускиот пилот префрлено во Турција и наскоро ќе биде транспортирано во Москва

Телото на рускиот пилот кој беше убиен по соборувањето на авионот-бомбардер од типот „су-24“ во вторникот на турско-сириската граница, пристигнало во Турција и наскоро треба да биде пренесено во Русија, изјавил денеска на прес-конференција турскиот премиер, Ахмед Давутоглу, јавува „Раша тудеј“. Тој изјавил дека со телото на пилотот се постапува во согласност со традициите на православното христијанство. Пренесувањето на телото за...

Еден загинат и четворица тешко повредени во сообраќајна незгода во Куманово

Едно лице го загубило животот, а четири биле тешко повредени во сообраќајна несреќа што ноќеска околу 1 часот се случила на булеварот Трета македонска ударна бригада, во Куманово. Како што информираат од полицијата, сообраќајната несреќа се случила кога автомобил, марка „субару импреза“, што го управувал Роби П.(40) од Куманово, излетал од патот и удрил во бетонски ѕид. Од здобиените...

Пешак загина на улица во Тетово

Пешак на возраст од 57 години претпладнево почина откако во него удри товарно возило, марка „мерцедес“, додека ја преминувал улицата Видое Смилевски - Бато во Тетово. Сообраќајката се случила надвор од обележан пешачки премин. Пешакот, кој од ударот имал тешки повреди по телото, од возачот на камионот, со друго возило, веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница, каде по кратко време...

67-годишен пешак прегазен на улица во Чаир

Шеесет и седумгодишен жител на велешкото село Кочилари го загубил животот во сообраќајна несреќа, што вчера се случила на улицата Кемал Сејфула во скопската населба Чаир, сооошти денеска полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајната несреќа се случила околу 6.50 часот, кога автомобил, марка „опел астра“, што го управувал 34-годишниот Ќ.К., удрил во Иса К. (67), кој се движел пеш. Тој со...

Возач загинал во сообраќајка на патот Македонски Брод – Самоков

Седумдесет и тригодишен жител на селото Ропотово го загубил животот, а уште три лица биле повредени во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила на регионалниот пат Македонски Брод - Самоков, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајната незгода се случила околу 16 часот, а во неа учествувале автомобил, марка „лада рива“, што го управувал починатиот Драгомир С., и возило...

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...