fbpx
Таг: Пакомак

таг: Пакомак

Ќе се нагледаме ѓубре уште три-четири години, современи депонии дури во 2027 [инфографик]

Македонија ќе ги започне инвестициите во воспоставување на регионалните системи за управување со отпад во втората половина на 2024 година, додека современите регионални депонии по стандардите на ЕУ ќе бидат завршени до септември 2027 година. Ова се генералните временски рамки за реализација на проектот вреден 55 милиони евра, за кој македонската влада во јануари годинава го потпиша договорот со...

Граѓаните селектираат шишиња и лименки за да добијат поени за пазарување во маркетите

Новите вендинг машини за селекција на лименки и пластика во скопските маркети привлекоа огромен интерес на граѓаните од Скопје и Тетово за селекција на отпадот. „Пакомак“ постави 25 нови вендинг машини во маркетите на Тинекс и ВЕРО во Скопје, како и 2 машини во ВЕРО во Тетово. Познатиот принцип од западноевропските земји за селекција на отпад преку добивање поени...

Последна епизода на „Шорткат“ за оваа сезона: Селекција на отпад во Скопје и Тетово

Од почетокот на годинава, граѓаните на Скопје и Тетово имаат можност да селектираат отпад во нови вендинг машини што се поставени низ маркетите во овие градови. Лименки и пластични шишиња може да се селектираат во машините на „Пакомак“, а за возврат граѓаните добиваат зелени поени кои можат да ги искористат за пазарување во маркетите. Како функционира овој систем и кои...

На еко акцијата „Генералка викенд 2022“, 8.000 волонтери собраа 185 тони отпад

На еко акцијата „Генералка викенд 2022“ која се одржа од 6 до 8 Мај во 26 општини во земјава, учествуваа речиси 8.000 волонтери и се собраа 185 тони отпад. Тоа е за осум пати повеќе собран отпад од минатата година, или околу 25 килограми за секој  волонтер. „Генералка викенд“ е планирано да се повторува секоја година сѐ до 2031,...

РЕДИ Рециклажа на терен, почна селекцијата на отпадот во дел од зградите низ Скопје

До сега околу 200 згради во општините Карпош, Аеродром и од други скопски општини се пријавени за новиот проект на РЕДИ Рециклажа за воспоставување на систем за селекција на отпадна хартија и пластика. Од социјалното претпријатие се задоволни од интересот по распишаниот јавен повик до станбени згради и компании за учество во воспоставувањето на системот за примарна селекција на...

Почнува со работа РЕДИ Рециклажа, зградите во Аеродром и Карпош да се пријават за селекција на отпад

Социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа официјално го најави своето почнување на активности кои ќе го подобрат животниот стандард и работа на неформалните собирачи на отпад и ќе ја подобрат состојбата на животната средина во Република Северна Македонија. РЕДИ Рециклажа ќе воспостави систем за примарна селекција на отпад преку мапирање на станбени згради во Општините Аеродром и Карпош во Скопје. Веќе...

Со селектирање пластика во новите вендинг машини граѓаните ќе добиваат зелени поени и награди

Пластичните шишиња во иднина ќе може да се селектираат во новите вендинг машини, што од денеска се поставени во некои од маркетите низ државата. Граѓаните кои пластичната амбалажа која ја употребиле ја однесат на рециклирање ќе можат да добијат „зелени поени“ кои можат да ги искористат за купување производи, како и за плаќање на општински и јавни услуги. „Вендинг машините...

Со нови контејнери во Скопје, годинава ќе се зголемува селекцијата на стаклениот отпад за 20 отсто

Нови 60 садови за одлагање на стаклена амбалажа ќе бидат поставени во скопските општини Гази Баба и Аеродром, со цел преку зајакнатата отпадна инфраструктура да се дејствува кон подигање на свеста на граѓаните за рециклирање на стаклото како амбалажен материјал и за ангажирање на експерти што ќе создадат соодветен модел за рециклажа на стакло што во иднина ќе биде...

Бејли, Герет, Пломп, Османи и граѓани собираа ѓубре на кејот на Вардар

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, амбасадорот на Велика Британија Чарлс Герет и американскиот амбасадор Џес Бејли, заедно со вицепремиерот Бујар Османи денеска на кејот на Вардар зад Луна паркот го чистеа расфрланиот смет во еко акцијата, која трета година по ред ја организира амбасадата на Кралството Холандија заедно со „Пивара“ и „Пакомак“. Ова е трета по ред волонтерска еко-акција што ја...

Амбасадорот Пломп учествуваше во еко–акција за собирање отпад на кејот на Вардар

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп и вработените и раководството на „Пивара Скопје“ и на компанијата „Пакомак“, исчистија повеќе од три километри од кејот на реката Вардар во Скопје. - Како вљубеник во природата и планинар, забележувам дека загадувањето е голем проблем кој ги загрозува овие природни убавини. Единствен начин да се реши овој проблем е заеднички пристап на државните институции, бизнис-секторот и на граѓаните, а тоа...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...