fbpx
Таг: Никола Димитров

таг: Никола Димитров

Шефот на германската дипломатија Мас во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Како што соопшти МНР, Мас доаѓа во возвратна посета на Македонија по јунската средба со министерот Димитров во Берлин и на само 10 дена по историската посета на канцеларката Ангела...

Бушати ги повика Албанците кои живеат во Македонија да го поддржат референдумот

Апелирам на сите граѓани на вашата земја, особено на Албанците кои живеат тука да дадат поддршка на историскиот Преспански договор, затоа што тој има исклучително значење за демократската стабилност на регионот, изјави денеска шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати на прес-конференцијата со неговиот македонски колега Никола Димитров. – Сите се согласуваме дека Албанците кои живеат во Македонија ќе бидат огромни...

Мичел на средбата со Димитров ја повторил поддршката од САД за членство во НАТО и ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска имаше средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел со кого разговарал за евроатлантските перспективи на Република Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот, информираат од МНР. Димитров ја потенцирал важноста од натамошна поддршка на САД во евроатлантските интеграции на Република Македонија...

Блок: Политиката на Холандија кон Македонија е строга, но фер

Референдумот е дел од демократскиот процес и останува на вашите граѓани да го донесат единственото решението за земјата, изјави шефот на холандската дипломатија, Штеф Блок, по средбата со неговиот македонски колега Никола Димитров. Тој истакна дека е охрабрен од исклучителниот напредок што Македонија го постигна во кус период, и оти сега претстои да се види напредокот во спроведувањето на законодавните...

Димитров: Политичарите може да живеат од нерешен спор, ама и да го решат

Политичарите можат да направат цела кариера и да живеат од нерешен спор, а можат и да се вложат и да го решат, заштитувајќи го најважното за двете страни, за граѓаните на нивните држави да живеат подобро, порача министерот за надворешни работи, Никола Димитров, зборувајќи пред Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент (AFET), на чија агенда е и првото...

Димитров се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/OДИХР за референдумот

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска се сретна со амбасадорот Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за референдумот на 30 септември 2018. Димитров, како што велат од МНР, го истакнал историското значење на актуелните процеси, како и на можноста граѓаните преку овој демократски чин да ја искажат својата волја по прашањето, кое е од...

САД дава поддршка Македонија да стане членка на НАТО, рече Димитров по средбата со Помпео

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вчера во Вашингтон имаше официјална средба со државниот секретар Мајк Помпео кој дал силна поддршка Македонија наскоро да стане 30-та членка на НАТО. - Ова е многу важен момент за македонската дипломатија. Со државниот секретар Мајк Помпео денеска имавме средба што силно охрабрува - изјави Димитров по средбата. Тој додаде дека тајмингот на средбата е...

Димитров денеска ќе се сретне со американскиот државен секретар Помпео

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска попладне во Стејт департментот на Соединетите Американски Држави ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајкл Помпео. Средбата на Димитров со американскиот државен секретар Помпео е закажана за 14 часот по локално време. Димитров, како што соопшти МНР, покрај средбата со државниот секретар Помпео, предвидено е да се сретне и со високи претставници на...

Димитров во САД на средба со Помпео

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на покана на државниот секретар на САД, Мајкл Помпео, од 20 до 22 август ќе престојува во работна посета на САД, информираат од МНР. Покрај средбата со државниот секретар Помпео, предвидени се средби со високи претставници на американската администрација - Советот за национална безбедност, Стејт департментот, Конгресот, како и со претставници на невладини организации...

Димитров: Македонија се зацврствува со Договорот, никој нема да не дели и распарчува

Со Договорот со Грција, Македонија се зацврстува на светската мапа како држава. Никој нема да не дели и распарчува, напротив земјава станува полноправна членка на НАТО и почнува преговори со ЕУ, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров во интервју за „Телевизија 24“. Тој од идниот четврток еднаш неделно на „Прашајте го министерот“, ќе одговара на директни прашања од граѓаните...

Димитров: „Шарената револуција“ е жед за одговорност, „бојкотирам“ е повик за неодговорност

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, на својот „Фејсбук“ профил порача дека не може да се повлекува паралела меѓу „Шарената револуција“ и движењето „бојкотирам“, бидејќи, како што вели тој, бојкотирањето на референдумот е повик за бегање од одговорноста. „Шарената револуција е жед за одговорност во ситуација на јавно разоткриен криминал. Кога потфрлија институциите, граѓаните преземаа одговорност, барајќи правда. Бојкотирам е...

Димитров: Бегањето од референдумот не е патриотизам

Не смееме да заборавиме дека пропуштивме многу европски возови и дека патот кон нашата стратегиска цел е сe потесен и потежок. Наша должност е да направиме сe што можеме за да се качиме на овој воз, бидејќи никој не знае кога и дали ќе има друг, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за МКД.мк. На тврдењата од...

Повторно одложена седницата на која Димитров треба да реферира за надворешната политика

Седницата на собраниската Комисија за надворешна политика на која експозе за надворешната политика требаше да има шефот на дипломатијата Никола Димитров четврти пат е одложена и презакажана за 23 август во 10 часот. Министерот Димитров не успеа да се обрати пред членовите на Комисијата, бидејќи претседателот на Комисијата Антонио Милошоски бараше пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат да ги добијат класифицираните...

Димитров по четврти пат ќе се обиде да реферира за надворешната политика

Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за надворешна политика и Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија. Комисијата за надворешна политика треба да ја продолжи седницата на која е најавено излагање за остварувањето на меѓународната политика на министерот за надворешни работи Никола Димитров. Седницата на оваа Комисија досега беше неколкупати одложувана. Министерот Димитров не успеа да се обрати пред...

Повторно одложена Комисијата за надворешна политика на која Димитров треба да реферира

Второто продолжение на Комисијата за надворешна политика на која треба да реферира шефот на дипломатијата Никола Димитров е повторно одложено и презакажано за 1 август. Од Собранието велат дека седницата се презакажува поради одредени собраниски обврски поврзани со координацијата на пратеничката група, во врска со најавената пленарна седница за утврдување на референдумското прашање во однос на Договорот помеѓу Република Македонија...

Отфрлена кривичната пријава против Заев и Димитров за загрозување на независноста

Основното јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава која ја поднесе Граѓанската иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење „Преродба“ – Движење на носителите и бранителите на државниот суверенитет „Македонска преродба“ против премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров за загрозување на независноста бидејќи пријавеното дело не било кривично дело за кое се гони по службена должност. Како...

Димитров: Оддавањето државна тајна го доживувам како антидржавен процес

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на вториот ден од работата на Комисијата за надворешни прашања рече дека нема што да крие, а го праша претседателот на комисијата, Антонио Милошоски, зошто материјалите не биле навремено доставени туку пет минути пред седницата. -Државна тајна значи дека објавување такви информации може да наштети на процесот кој не е завршен. Во јануари не...

Димитров ќе дава отчет за надворешната политика пред пратениците

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика ќе го презентира извештајот за остварувањето на надворешната политика и меѓународната положба на Република Македонија, а ќе бидат претставени платформите за дипломатските активности на вонредните и ополномоштени амбасадори на Република Македонија во Осло, Кралството Норвешка Серџим Мухамед, во Република Полска Васил Пановски, во Црна...

Димитров: Со контрамерки кон Косово кризата ќе ескалира, мора да најдеме решение

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров при денешната посета на Косово рече дека ако Македонија воведе контрамерки работата ќе ескалира во лош правец и потоа, повторно ќе мора да се седне за да се најде решение, осврнувајќи се на косовската одлука за зголемувањето на царините на овошјето и зеленчукот. Тој е убеден дека двете држави ќе ја следат новата европска...

Димитров: Ако има глас повеќе против Договорот, ќе прифатиме дека тоа не е вистинскиот пат

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во интервјуто за „Ал Џезеира балканс“ изјави дека референдумот ќе помине успешно и дека граѓаните ќе го одобрат Договорот постигнат со Грција. - Ако има еден глас повеќе против ние сме апсолутно спремни да подадеме рака и да кажеме дека ова не е вистинскиот пат. Пред големи историски дилеми граѓаните знаеле да го изберат...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...