fbpx

Повторно одложена седницата на која Димитров треба да реферира за надворешната политика

-

Седницата на собраниската Комисија за надворешна политика на која експозе за надворешната политика требаше да има шефот на дипломатијата Никола Димитров четврти пат е одложена и презакажана за 23 август во 10 часот.

Министерот Димитров не успеа да се обрати пред членовите на Комисијата, бидејќи претседателот на Комисијата Антонио Милошоски бараше пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат да ги добијат класифицираните материјали од две лидерски средби одржани кај претседателот на . Материјалите, според Милошоски, се битни за меѓународната политика и за работата на министерот Димитров. Недоставувањето, според Милошоски, значи дека владејачкото мнозинство нешто сокрива и остава простор за сомнеж. СДСМ пак му најави кривична пријава на Милошоски за земањето на строго доверливи документи иако повеќе од две години немал безбедносен сертификат.

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации направи инспекција во вила Водно, и утврдиле дека во кабинетот на Иванов направиле пропусти кога на Милошоски му ги дале строго доверливите документи за лидерските средби за името.

Првиот пропуст е тоа што не провериле дали барателот, во случајот Милошоски има или нема соодветен безбедносен сертификат и не провериле дали тој има потреба да биде запознаен со содржината на документите во рамки на неговите надлежности. Требало да се провери и дали барањето е за поголема група луѓе, во случајот цела комисија и дали сите имаат сертификати. Иако не провериле ништо од ова, од кабинетот ја подготвиле пратката и по курирска служба му ја доставиле на рака на Милошоски иако согласно законот такви документи требало да бидат предадени во собраниска архива, да се заведат во посебна деловодна книга, и да бидат чувани одделно од некласифицираните информации. Откако е утврден пропустот изготвен е извештај и сега најверојатно дирекцијата ќе го предупреди кабинетот и ќе му даде корективни мерки за да се спречат слични упади во доверливите информации во иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...