fbpx
Таг: народна банка

таг: народна банка

Побавен пораст на економијата во споредба со очекувањата

По порастот на БДП во второто тримесечје од 2,6 проценти, што е во согласност со априлските проекции, податоците навестуваат продолжување на ова темпо на пораст и во текот на третиот квартал. - И покрај солидната динамика на пораст, ризиците од пролонгирани ефекти од домашните случувања, како и од промените во глобалниот амбиент, создаваат можност за побавен пораст на економијата во...

Цените во домашната економија се намалија за 0,3 проценти на годишна основа

Општото ценовно ниво во август забележа многу мал годишен пораст, пред сè, поради повисоките цени на храната и базичната инфлација, при понатамошно намалување на цените на енергијата, објави Народна банка. - Во просек, во првите осум месеци од годината, општото ниво на цени во домашната економија се намали за 0,3 проценти на годишна основа. Засега се оценува дека инфлациските остварувања се...

Народна банка ќе организира работилница за управување со девизни резерви

Народната банка е домаќин-организатор на работилницата за теми во областа на спроведувањето на заднинските активности во процесот на управување со девизните резерви, од 7 до 11 септември. - Управувањето со девизните резерви е комплексен процес, кој треба да има утврдени јасни цели, добро дефинирани нивоа на одлучување, силни контролни механизми, транспарентен начин на известување и реалистичен приод во надминувањето на...

Економскиот пораст во вториот квартал, во рамките на проектираното

Најновите показатели на Народна банка покажуваат дека економската активност и понатаму се зголеува со солидно темпо, делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки. Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. По порастот на БДП во првото тримесечје, кој соодветствуваше на проекциите, показателите за економската активност во вториот квартал посочуваат продолжување на овие трендови. Податоците за индустриското производство...

Се зголемува бројот на блокирани сметки на граѓани

Бројот на блокирани сметки по различни основи изнесува 234.727 и во оваа бројка влегуваат сметки на правни и на физички лица, покажуваат податоците на Народна банка. Од почетокот на годината, бројот на блокирани сметки се зголемил за 22.642. Притоа, се намалува бројот на блокирани сметки кај фирмите, но се зголемува кај граѓаните.

Намалени девизните резерви

Девизните резерви заклучно со јуни изнесуваат 2.254.800.000 евра и има намалување во однос на првиот квартал, кога истите изнесуваа 2.354.800.000 евра. Резервите во монетарно злато изнесуваат 230 милиони евра, кај кои, исто така, има намалување од приближно 8 милиони евра во однос на првиот квартал, кога изнесувале 237 милиони евра.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...